Connect with us

Манчестер Сити го шокираше Реал, побара 75 милиони евра за трансферот на Родри

Шпанскиот репрезентативец Родри јасно му соопштил на Манчестер Сити дека сака кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид, а личните услови со „кралевите“ наводно веќе се договорени. Сепак, трансферот наиде на сериозна пречка откако англискиот клуб ја одби првата понуда.

Родри зад себе има фантастично Светско првенство, на кое ја предводеше Шпанија до светската титула, а беше прогласен и за најдобар играч на турнирот. Веднаш по мундијалот почнаа шпекулациите дека е подготвен за нов предизвик и дека единствената негова желба е преселба на „Сантијаго Бернабеу“.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, брзо постигнал договор со играчот околу повеќегодишен договор, очекувајќи преговорите со Манчестер Сити да завршат без поголеми проблеми.

Но, од „Етихад“ не биле подготвени лесно да се откажат од еден од своите најважни фудбалери. Според медиумите во Англија и Шпанија, Реал испратил почетна понуда од околу 50 милиони евра, сметајќи дека тоа ќе биде доволно бидејќи Родри влегува во последната година од договорот.

Одговорот од Манчестер Сити бил експресен – понудата е одбиена, а клубот побарал најмалку 75 милиони евра за да се согласи на трансфер.

Таквиот став го изненадил раководството на Реал, кое не планирало да издвои толкава сума. И покрај тоа што Родри следното лето би можел да замине без обештетување, „граѓаните“ се подготвени да го преземат тој ризик, наместо да го продадат под цената што ја сметаат за прифатлива.

Сега потегот е повторно кај Реал Мадрид, кој треба да одлучи дали ќе испрати подобрена понуда. Во меѓувреме, шпанскиот репрезентативец се надева дека двата клуба ќе најдат заеднички јазик, бидејќи стравува дека во спротивно би можел да ја пропушти шансата да го облече дресот на „кралскиот клуб“.

Според истите извори, од Реал очекуваат Родри дополнително да изврши притисок врз раководството на Манчестер Сити и јасно да стави до знаење дека сака да ја продолжи кариерата во Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови