Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, се наоѓа високо на листата на Манчестер Сити како потенцијален наследник на Пеп Гвардиола.
„Граѓаните“ се надеваат дека доколку оваа сезона белгискиот стратег успее да освои тројна круна со баварците, би можел да биде отворен за нов предизвик во својата кариера.
Сепак, од Баерн јасно порачуваат дека нема намера да се разделат со својот тренер. Извршниот директор на клубот, Јан-Кристијан Дресен, истакна дека ситуацијата е целосно под контрола.
„Токму што го продолживме договорот со Винсент, така што ова воопшто не е тема. Убеден сум дека тој не носи одлуки набрзина, туку темелно ги анализира сите сценарија пред да се обврзе на нешто. Затоа верувам 100% дека и оваа одлука е донесена со целосна свест за сите можни последици. Поради тоа, не е важно кој друг ќе се интересира за него или колку трофеи ќе освои со нас“, изјави Дресен за „Билд“.
Договорот на Компани со Баерн Минхен е важечки до летото 2029 година.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













