Манчестер Сити сака да го ангажира голманот на Олимпик Марсеј, Херонимо Рули. „Граѓаните“ бараат алтернатива за Џанлуиџи Донарума, откако Џејмс Трафорд ќе се пресели во Лидс, па вниманието го насочиле кон аргентинскиот репрезентативец.
Рули е согласен на преселба на „Етихад“, а Марсеј е свесен за неговата желба да направи трансфер.
Аргентинскиот голман има договор со францускиот клуб уште една сезона, но неговата иднина останува неизвесна.
Херонимо Рули пристигна во Марсеј пред две години од Ајакс. Доколку се пресели во Манчестер Сити, тоа ќе биде негов втор престој во клубот. Тој првпат беше ангажиран од „граѓаните“ во 2016 година, кога пристигна од Депортиво Малдонадо, но никогаш не запиша настап за првиот тим.
По трансферот во Сити, Рули беше испратен на позајмица во Реал Сосиедад, кој подоцна целосно го откупи неговиот договор. Во Шпанија бранеше и за Вилјареал, пред да замине во Ајакс, а потоа и во Марсеј.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













