Манчестер Сити официјално го ангажираше аргентинскиот репрезентативец Енцо Фернандез од Челси. Играчот за врска потпиша петгодишен договор со кој на „Етихад“ ќе остане до летото 2031 година.
„Граѓаните“ за неговите услуги ќе платат рекордни 125 милиони фунти, со што го израмнија британскиот трансфер-рекорд. Досега, рекордот беше во сопственост на Ливерпул, кој минатото лето ја плати истата сума за Александер Исак.
Фернандез пристигна на „Стемфорд бриџ“ во 2023 година од Бенфика за 107 милиони фунти, што во тој момент исто така беше рекорден трансфер. Преговорите меѓу раководствата на двата клуба беа интензивирани во последните 24 часа, а конечно беше дадено „зелено светло“ за трансферот непосредно пред затворањето на преодниот рок.
Welcome to Manchester City, Enzo 🩵 pic.twitter.com/SPyjyAKl9O
— Manchester City (@ManCity) September 1, 2026
„Манчестер Сити е најуспешниот клуб во Англија во последниот период. Секој фудбалер сака да биде дел од ваков клуб, бидејќи сите знаат колку добро е организиран Сити. Не можев да бидам посреќен што сум тука и подготвен сум за предизвикот да му помогнам на Сити да продолжи да освојува трофеи. Ова е клуб создаден за успеси“, изјави Фернандес при официјалното претставување.
„Ако го погледнете составот, Сити има квалитет на секоја позиција. Сакам да учам од моите нови соиграчи и да станам уште подобар фудбалер. Горд сум што постојано ја унапредувам својата игра. Секој што работел со мене знае колку напорно тренирам секој ден и колку многу се вложувам на натпреварите. Секогаш го давам максимумот и можам да му ветам на Манчестер Сити дека тоа ќе продолжи и тука.
Сакам да им се заблагодарам на Хуго, Енцо, Халдун и на сите во Сити кои го овозможија овој трансфер. Сакам што е можно побрзо да ја оправдам довербата што ми ја укажаа“, додаде аргентинскиот репрезентативец.
Клучен фактор за реализацијата на трансферот бил тренерот на Сити, Енцо Мареска, кој одлично ги познава квалитетите на Фернандес од нивната заедничка работа во Челси. Италијанскиот стратег силно инсистирал на неговото ангажирање, особено откако Манчестер Сити остана без неколку играчи за врска во текот на летниот преоден рок.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













