Connect with us

Манчестер сити го купи Семењо за 75 милиони евра

Манчестер Сити го заврши трансферот кој им дава дополнителна надеж дека можат да јас освојат титулата оваа сезона.

Од денес официјално, Антоан Семењо е нов фудбалер на „граѓаните“, а на сметката на Борнмут се уплатени 75 милиони евра, што дефинитивно претставува најголем трансфер во овој преоден рок.

Од својот поранешен клуб се прости на уникатен начин – со гол против Тотенхем во надополнувањето на времето за победа од 3-2.

„Го следев Сити последната декада под водство на Пеп Гвардиола и тие беа доминантен тим во Премиер – лигата, а исто така остварија неверојатни успеси во Лигата на шампионите, ФА Купот и Лига Купот. Поставија највисоки стандарди и тоа е клуб со играчи од светска класа, врвни услови и еден од најголемите тренери на сите времиња – Пеп.

Имам огромен простор за напредок, па доаѓањето во овој клуб во оваа фаза од мојата кариера е совршено за мене. Голема е привилегијата да бидам тука.

Сигурен сум дека мојот најдобар фудбал сè уште доаѓа. А Сити е во одлична позиција – сè уште се во игра во четири натпреварувања. Навистина верувам дека можам да им помогнам да имаат силен втор дел од сезоната.

„Етихад“ е мојот нов дом. Не можам да дочекам да заиграм пред навивачите тука и се надевам дека ќе им покажам на сите што можам“, се претстави Семењо.

Инаку, тој го зел бројот што некогаш го носеше Јаја Туре – „42“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови