Манчестер Сити успешно ја отвори новогодишната серија натпревари во Премиер лигата, запишувајќи важна победа на тешкото гостување кај Нотингем Форест. По седумдневна пауза, шампионот се врати на терените со квалитетен настап и заслужено славеше со 2-1 на „Сити Граунд“, во натпревар решен во второто полувреме благодарение на летните засилувања Рејндерс и Шерки.
Првите 45 минути минаа без погодоци, со претпазлива игра од двете страни, но веднаш по продолжението Сити го зголеми темпото. Во 46. минута Рејндерс, по прецизно додавање од Черки, го матираше голманот на домаќините и донесе водство за „граѓаните“.
Радоста на гостите беше краткотрајна, бидејќи само шест минути подоцна Нотингем Форест израмни по одлично изработена тимска акција, која ја круниса младиот Хачинсон.
Клучниот момент се случи во финишот на натпреварот. Во 83. минута Гвардиол умешно му ја врати топката на Рајан Шерки, кој со силен удар од работ на шеснаесетникот го постави конечниот резултат и му донесе вредни три бода на својот тим.
Со оваа победа Манчестер Сити се искачи на врвот на табелата во Премиер – лигата, но ќе остане таму само доколку Брајтон успее да дојде до позитивен резултат на гостувањето кај Арсенал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно
Евро-фудбал
Фулкруг го разби бункерот на Лече
Евро-фудбал
Ливерпул сака да го купи Камавинга
Евро-фудбал
Лео Меси откри каде ќе ја заврши кариерата
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг













