Манчестер Сити го комплетираше трансферот на аргентинскиот голман Херонимо Рули, кој пристигнува од Олимпик Марсеј како нова конкуренција меѓу стативите на англискиот шампион.
Според информациите на медиумите од Англија, 34-годишниот чувар на мрежата ќе биде откупен за околу 3,5 милиони евра. Рули ќе потпише двегодишен договор со клубот, кој ќе важи до летото 2028 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Ангажманот на искусниот Аргентинец доаѓа откако Манчестер Сити го продаде резервниот голман Џејмс Трафорд во Лидс за сума од речиси 40 милиони фунти. Со тоа, Рули ќе се бори за место во стартниот состав и ќе конкурира со Џанлуиџи Донарума.
Минатата сезона Рули беше незаменлив на голот на Марсеј. Во сите натпреварувања забележа 37 настапи, прими 48 погодоци, а на девет натпревари успеа да ја сочува својата мрежа недопрена.
На репрезентативен план, Рули има шест настапи за Аргентина. Тој беше дел од селекцијата што ја освои светската титула во Катар во 2022 година, а настапи и на Светското првенство во 2026 година, иако најчесто ја имаше улогата на резерва зад првиот голман Емилијано Мартинез.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Педро Нето останува во Челси до 2032 година













