Манчестер Јунајтед сериозно го разгледува ангажманот на левиот бек на Брајтон, Первис Еступињан. Претставници на „црвените ѓаволи“ веќе стапиле во контакт со агентите на еквадорскиот репрезентативец, кој воедно е и еден од капитените на својата национална селекција.
За услугите на 27-годишниот дефанзивец интерес покажува и Милан, но Јунајтед изгледа е поактивен во преговорите.
Брајтон би можел да биде подготвен да го пушти Еступињан ова лето, особено откако го ангажира Максим де Кујпер од Клуб Бриж како потенцијална замена на левата страна во одбраната.
Еступињан има договор со Брајтон до 2027 година и минатата сезона одигра 30 натпревари во Премиер – лигата, постигнувајќи еден гол и една асистенција.
Тој пристигна во клубот пред три години од Вилјареал, каде што исто така остави добар впечаток.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум ја оствари најубедливата победа во осмото коло откако со 6-0 го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга ТЛ)
Потсети дека некогаш беше и македонски репрезентативец. И сѐ уште има раскошен репертоар на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Дани Карвахал ќе потпише за Хетафе
Евро-фудбал
Рафиња потпишува нов договор со Барселона
Млади репрезентации
Младите фудбалери поразени од Шведска













