Connect with us

Манчестер Јунајтед убедлив на гостувањето кај Вулверхемптон (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед стигна до победа до 1-4 на гостувањето кај последнопласираниот Вулверхемптон.

Бруно Фернандеш во 25. минута донесе водство, искористувајќи го додавањето од Матеус Куња.

Вулверхемптон возврати пред крајот на првото полувреме со погодокот на Жан-Ришер Белегард.

Во вториот дел, тимот на Рубен Аморим доминираше и ја запечати победата со головите на Брајан Мбеумо во 51. и на Мејсон Маунт во 63. минута.

Конечниот резултат од 1-4 го постави Бруно Фернандеш со удар од белата точка во 82. минута, постигнувајќи го својот втор гол на мечот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови