Манчестер Јунајтед го објави својот извештај за изминатата финансиска година. „Црвените ѓаволи“ забележаа нето загуби од 113,2 милиони фунти и покрај приходите од 661,8 милиони. За претходниот период, 2022/23, клубот имаше загуби од 28,7 милиони, а за 2021/22 загубите беа 115,5 милиони.
Правилата за финансиска одржливост на Премиер – лигата дозволуваат загуби до 105 милиони фунти во период од три години. Сепак, дел од загубите на Манчестер Јунајтед спаѓаат во делотр на инфраструктурните трошоци. Клубот даде околу 50 милиони за реновирање на тренинг базата.
Во јули Манчестер Јунајтед отпушти 250 вработени со цел да ги намали трошоците. Оттаму рекоа дека очекуваат ова да доведе до заштеда од 30 до 35 милиони во рок од две години. Клубот продолжува да има долгорочен заем од 650 милиони долари (496,52 милиони фунти) и краткорочен заем од 35,6 милиони фунти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар се „лизна“ во Битола и освои само бод, а тоа го искористи Шкендија...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Мигел Пиреш (Силекс)
Силекс имаше доминантно издание во Кавадарци совладувајќи го Тиквеш на гости со 0-3. Тимот...
Автор makfudbal













