Манчестер Јунајтед ќе се вклучи во трката за ангажман на Антоан Семењо, пренесува „Скај Спортс“. Од „Олд Трафорд“ досега не планираа сериозно да се засилуваат на напаѓачките позиции, но луѓето во раководството на клубот сметаат дека можноста да се земе крилниот играч на Борнмут е премногу добра за да се пропушти.
Ганецот, роден во Лондон, има откупна клаузула од 65 милиони фунти, која ќе стане активна во јануари. Семењо редовно се покажува на многу високо ниво токму против Манчестер Јунајтед и има неколку гола против нив, вклучително и на последниот меч, кога постигна гол за 1-1 на крајот на првото полувреме.
На „Олд Трафорд“ се восхитени и од можноста играчот да игра подеднакво успешно на двете крилни позиции, што би се вклопило одлично во тактичката поставеност на Рубен Аморим. Досега во сезоната, Семењо има забележано седум гола и три асистенции во 16 натпревари за Борнмут.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













