Connect with us

Манчестер Јунајтед сака да го купи Маркос Љоренте

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед сака да го засили средниот ред со еден од најдобрите фудбалери на Атлетико Мадрид, Маркос Љоренте. Тој има одлична сезона во Ла Лига, постигна 12 гола и реализира 11 асистенции на 31 натпревар во шпанското првенство.


Љоренте е вториот најдобар стрелец во клубот зад Луис Суарез и Оле Гунар Солскјер би сакал да го доведе на „Олд Трафорд“.


Атлетико Мадрид бара отштета од 75 милиони евра за Љоренте, за кого интерес појавија и Пари Сен Жермен и Баерн Минхен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови