Connect with us

Манчестер Јунајтед сака да го купи Чуамени од Реал Мадрид

Дефанзивниот играч од средниот ред на Реал Мадрид, Аурелиен Чуамени, се наоѓа на врвот на листата на желби на Манчестер Јунајтед.


„Црвените ѓаволи“ го гледаат 26-годишниот француски фудбалер како идеална замена за Касемиро, кој се очекува да го напушти клубот на крајот од сезоната.


Според информациите, Јунајтед планира ова лето да донесе квалитетен дефанзивен играч од средниот ред. Се истакнува дека иднината на Чуамени во Реал може да зависи од тоа дали клубот ќе ангажира нов играч на таа позиција или ќе биде принуден да продаде некој за да ја финансира евентуалната зделка.


Оваа сезона Чуамени има настапено на 44 натпревари во сите натпреварувања, со ефект од два гола и две асистенции. Неговиот договор со Реал Мадрид трае до летото 2028 година.
Неговата трансферна вредност се проценува на околу 75 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови