Манчестер Јунајтед упатил понуда во висина од 60 милиони евра за талентираниот централен дефанзивец на Лил, Лени Јоро, објави „Марка“. 18-годишниот Французин е желба и на Реал Мадрид и на Пари Сен Жермен.
Од „Сантијаго Бернабеу“ ги известиле играчот и неговиот агент дека ќе мора да бидат трпеливи и да почекаат малку, бидејќи биле убедени дека Јоро сака да игра за „кралскиот клуб“. Сепак, сега големо прашање е дали Реал е подготвен да понуди повеќе од Јунајтед.
Јоро пред неколку дена во живо го следеше финалето во Лигата на шампионите, а уште тогаш во англиските медиуми се појави информација дека покрај мечот на „Вембли“ имал средба и со претставници на Манчестер Јунајтед.
18-годишниот Јоро минатата сезона одигра вкупно 44 натпревари за Лил.
Манчестер Јунајтед мора да потпише барем еден нов централен дефанзивец ова лето. „Црвените ѓаволи“ веќе објавија дека се разделуваат со Рафаел Варан, а неизвесна е и иднината на ветеранот Џони Еванс и на поранешниот капитен Хари Мегваер.
.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













