Манчестер Јунајтед започна преговори со Вест Хем за евентуален трансфер на Матеуш Фернандеш, пренесуваат британските медиуми.
Играчот јасно ставил до знаење дека е отворен за преселба на „Олд Трафорд“, а неговите лични услови не би претставувале пречка за реализација на трансферот. Проблем, сепак, е високата сума што ја бараат „чеканите“, кои го проценуваат 21-годишниот португалски играч за врска на меѓу 80 и 85 милиони фунти.
Од Манчестер Јунајтед се обидуваат да ја намалат оваа цена.
Фудбалскиот директор на клубот, Џејсон Вилкокс, одлично го познава Фернандеш. Токму тој го доведе во Саутемптон пред две години, кога сè уште беше дел од раководната структура на „светците“.
Според Џејкобс, и Реал Мадрид веќе остварил првични контакти со претставниците на играчот. Интерес покажале и Арсенал и Пари Сен Жермен, но во моментов најконкретен е токму Манчестер Јунајтед.
Матеус Фернандеш се наоѓа високо на листата на желби на „црвените ѓаволи“ за летниот преоден рок, а според информациите, 20-кратниот шампион на Англија веќе ја подготвува својата прва понуда. Сепак, засега сè уште не е испратена официјална понуда до Вест Хем.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













