Connect with us

Манчестер Јунајтед нема намера да го продаде Кристијано Роналдо

Манчестер Јунајтед нема намера да го раскине договорот со Кристијано Роналдо, како што и понатаму се шпекулира во англиските медиуми. Според гласините, во клубот се многу загрижени поради однесувањето на Португалецот, кое го погодува моралот на целиот тим и поради оваа причина размислувале за раскин на неговиот договор доколку тој не го промени ставот.


За време на мечот со Брентфорд, Роналдо во неколку наврати ја покажуваше својата фрустрација од играта на соиграчите, дури и отворено гестикулираше кон чуварот на мрежата Давид де Хеа, кој рано направи две грешки кои доведоа до првите два гола на противникот.

Роналдо и понатаму се надева дека ќе го напушти Манчестер Јунајтед и ќе се приклучи на клуб кој игра во Лигата на шампионите. Сепак, неговиот агент Жорге Мендеш не успеа да најде таков заинтересиран клуб, бидејќи сите одбија да го ангажираат Кристијано.

Официјалниот став на Манчестер Јунајтед досега беше дека Португалецот не е на продажба, особено што Ерик тен Хаг е многу ограничен во изборот на офанзивни играчи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови