Манчестер Јунајтед ќе му исплати на Оле Гунар Солскјер близу 4 милиони фунти бонус доколку Норвежанецот успее да ги одведе „црвените ѓаволи“ до учество во Лигата на шампионите, објавија британските медиуми. Стручњакот е пред враќање на „Олд Трафорд“ до крајот на сезоната по отпуштањето на менаџерот Рубен Аморим претходно оваа недела.
Неделната плата на Солскјер веројатно ќе достигне најмногу до 60.000 фунти за време на неговиот втор мандат како тренер на 20-кратните англиски шампиони. Вкупната годишна награда на Норвежанецот ќе изнесува околу 3 милиони фунти.
Оле Гунар Солскјер заработуваше по 7,2 милиони фунти по сезона за време на својот прв мандат во Јунајтед помеѓу 2018 и 2021 година.
Во моментов тимот на Манчестер го води Дарен Флечер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













