Рубен Невеш сака да се врати во Премиер – лигата, а Манчестер Јунајтед е подготвен да ја искористи ситуацијата за да го засили средниот ред на својот тим.
Португалецот беше продаден од Вулверхемптон во Ал-Хилал во 2023 година за 47 милиони фунти, но неговиот договор со саудискиот клуб истекува, и тие се подготвени да се разделат со него за значително пониска сума во јануарскиот трансфер прозорец – околу 20 милиони фунти, според англиските медиуми.
„Црвените ѓаволи“ сакаат да го засилат средниот ред, бидејќи иднината на Касемиро, Коби Мејну и Мануел Угарте, кој не ги оправда очекувањата, е неизвесна. За овие позиции како потенцијални засилувања се споменуваат неколку имиња: Елиот Андерсон, Адам Вортон, Конор Галахер, Карлос Балеба, Тајлер Адамс и Жоао Гомеш.
Покрај Манчестер Јунајтед, и Порто има интерес за Рубен Невеш, додека Ал-Хилал сè уште се надева дека пред отворањето на јануарскиот прозорец тој ќе го продолжи договорот со нив.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Един Џеко прави трансфер во Шалке
Евро-фудбал
Тер Штеген емотивно се збогува со Барселона
Евро-фудбал
Мбапе го израмни рекордот на Роналдо во ЛШ
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?













