Манчестер Јунајтед е подготвен да достави понуда за дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо, во летниот преоден рок. Засилувањето на одбраната ќе биде еден од приоритетите за летната селекција на „црвените ѓаволи“, а уругвајскиот дефанзивец е еден од главните кандидати на списокот за нови засилувања на Рубен Аморим.
Араухо беше на прагот да ја напушти Барса уште во зимскиот преоден рок, кога беше блиску до трансфер во Јувентус, но на крајот преговорите не успеаја и тој остана во Каталонија, дури потпишувајќи нов договор. Сепак, тоа не значи дека претстојното летото нема да се случи негов трансфер, особено ако се појави добра понуда.
Барселона има потреба од свежи финансиски средства за да може да располага со поголем буџет за нова селекција, па се очекува клубот да продаде некои од актуелните играчи. Араухо е еден од фудбалерите кои би можеле да го напуштат клубот, ако добијат доволно интересна понуда.
Се смета дека Манчестер Јунајтед е подготвен да понуди околу 60 милиони евра за правата на 26-годишниот дефанзивец. Слична понуда би можела да биде доволна за да ја убеди Барселона да го пушти да си замине.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Фулам размислува за смена на Марко Силва
Евро-фудбал
ПСЖ сака да го купи Упамекано од Баерн
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици













