Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед ја донесе конечната одлука околу тренерското прашање. На клупата повторно ќе седне Оле Гунар Солскјер, кој во петок ќе биде официјално промовиран и ќе потпише договор до крајот на сезоната.
Неговата иднина во клубот ќе зависи од остварените резултати, по што раководството ќе одлучи дали ќе му укаже доверба и на подолг рок.
Како можни опции се споменуваа и Мајкл Карик и Дарен Флечер, но челниците на клубот веќе пресекле. Солскјер најпрво ќе отпатува во Норвешка, каде ќе присуствува на погребот на легендарниот Аге Хареиде, по што ќе се упати кон Манчестер, каде што го очекува официјалната презентација.
Се споменуваа и имиња како Симоне Инзаги и Маурисио Покетино, но за нив веројатно раководството ќе размислува на стартот на следната сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар и заедно со лидерот Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга Трим Лум)
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар (0-1) во Скопје и ја продолжува...
Автор makfudbal













