Connect with us

Манчестер Јунајтед ќе мора да му го исплати целиот договор на Аморим – околу 10 милиони фунти

Манчестер Јунајтед ќе му ги исплати сите плати на Рубен Аморим до крајот на неговиот договор, иако денес доби отказ. Според пресметките, тоа изнесува околу 10 милиони фунти. Португалецот земал по околу 6,5 милиони фунти годишно, што за преостанатите 18 месеци од договорот значи околу 9,63 милиони.

Некои извори дури наведуваат дека компензацијата е малку повисока – меѓу 10 и 12 милиони фунти.

На оваа сума треба да се додаде и 9,2 милиони фунти кои Јунајтед ги плати на Спортинг Лисабон во ноември 2024 година, за да го ослободи Аморим од неговиот договор со „лавовите“. Ако се земат предвид и веќе исплатените плати, вкупната сума достигнува дури 26,3 милиони фунти.

Со ова, Манчестер Јунајтед веќе ја надмина границата од 60 милиони фунти исплатени како компензации на менаџерите кои добиле отказ во ерата на Премиер – лигата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови