Connect with us

Манчестер Јунајтед и Ливерпул во трка за Бремер

Манчестер Јунајтед и Ливерпул внимателно ја следат ситуацијата околу дефанзивецот на Јувентус, Бремер, пренесуваат италијанските медиуми.

Бразилскиот стопер е подготвен да размисли за заминување од Торино доколку Јувентус не обезбеди место во Лига на шампиони за сезоната 2026/27. Иако „старата дама“ првично бараше околу 70 милиони евра за негов трансфер, клубот сега е подготвен да ја намали цената за потенцијалните заинтересирани страни.

Бремер пристигна во Јувентус во летото 2022 година и има договор со клубот до јуни 2029 година. Во сезоната 2025/26 одигра 31 натпревар во сите конкуренции, при што постигна четири гола и забележа три асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови