Манчестер Јунајтед постигнал целосен договор со Аталанта за трансферот на играчот од средниот ред Едерсон. Вредноста на зделката изнесува 40,5 милиони евра, а дополнително може да се зголеми за уште 4,5 милиони евра преку бонуси.
Преселбата на Бразилецот на „Олд Трафорд“ се смета за чиста формалност. Иако минатиот месец ги договорил личните услови со Атлетико Мадрид, шпанскиот клуб не успеал да ги исполни финансиските барања поставени од Аталанта.
Откако Манчестер Јунајтед се согласил со условите на фудбалерот и понудил повисока отштета, англискиот великан останал единствениот сериозен кандидат за неговиот потпис. Преговорите околу деталите траеле неколку недели, но според „Атлетик“, двата клуба веќе постигнале конечен договор.
Договорот на Едерсон со Манчестер Јунајтед ќе важи до јуни 2030 година, со опција за продолжување на уште една сезона.
Овој трансфер претставува уште еден одличен потег на Аталанта, која го доведе бразилскиот играч од Салернитана во летото 2022 година за 22,9 милиони евра.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













