Connect with us

Манчестер Јунајтед го купува Бредли Баркола за 70 милиони евра?

Манчестер Јунајтед ја разгледува можноста за ангажман на една од младите ѕвезди на Пари Сен Жермен, Бредли Баркола, пренесуваат англиските медиуми.

Францускиот репрезентативец, кој оваа сезона привлече големо внимание со своите настапи во дресот на Пари Сен Жермен, наводно е на листата на желби и на неколку англиски гиганти, меѓу кои се споменуваат и Ливерпул и Арсенал.

Според информациите, ПСЖ би можел да се согласи на негова продажба за сума од околу 70 милиони евра, додека самиот играч наводно изразил желба да ја промени средината и да го напушти Париз во текот на летниот преоден рок.

Јунајтед го гледа Баркола како потенцијално долгорочно решение за офанзивните позиции, во период кога клубот бара освежување и поголема длабочина во нападот.

Одлуката за неговата иднина се очекува да биде една од поинтересните приказни на пазарот ова лето, со оглед на тоа што интересот за младиот Французин постојано расте.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови