Connect with us

Манчестер Јунајтед го избрка Рубен Аморим

Манчестер Јунајтед официјално го отпушти менаџерот на тимот, Рубен Аморим. Информацијата е објавена на официјалната страница на „црвените ѓаволи“, а одлуката е донесена утринава.


Ова се случува по вчерашната остра изјава на Португалецот, по нерешениот резултат со Лидс (1-1). На прес-конференцијата, Аморим јавно го критикуваше раководството на клубот, вторпат во последните денови, поради недостатокот на поддршка во трансфер-прозорецот и намекна дека некој се обидува да се меша во неговата работа, мислејќи на тактиката која предизвика многу контроверзии од самиот почеток на неговото претседавање.


Се тврди дека спортскиот директор Џејсон Вилкокс ја иницирал одлуката за разделба, а добил поддршка од главниот извршен директор, Омар Берада.

Од „Олд Трафорд“ откриваат дека Дарен Флечер ќе го води тимот на натпреварот против Барнли в среда.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови