Connect with us

Манчестер Јунајтед е на дното во Премиер-лигата по цели 30 години

Манчестер Јунајтед го забележа најлошиот старт на сезоната во Премиер – лигата во последните 30 години, пишуваат медиумите на Островот. Ова е првпат „црвените ѓавочи“ да бидат на дното по 21 август 1992 година.


Вчера тимот забележа неверојатен дебакл на гостувањето кај Брентфорд и загуби со 0-4.

Ерик тен Хаг стана првиот менаџер кој ја започнал својата кариера во Манчестер Јунајтед со два порази по Џон Чепман, кој го направи тоа во ноември 1921 година, или пред повеќе од еден век.

Тимот на Манчестер Јунајтед е и во уште една негативна серија – го забележа седмиот последовен пораз како гостин. Во следното коло на „Олд Трафорд“ гостува Ливерпул.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови