Фудбалерите на Мали направија сензација и се пласираа во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации во Мароко, откако во Казабланка го елиминираа Тунис.
Регуларните 120 минути завршија 1-1, а Мали славеше во пенал-серијата со 3-2. Во четвртфиналето, тимот ќе се соочи со Сенегал, кој претходно го победи Судан со 3-1.
Мечот речиси целосно се играше со играч помалку за Мали, по црвениот картон на Војо Кулибали во 26. минута. И покрај бројната нерамнотежа, тимот покажа храброст и издржливост, борејќи се до самиот крај.
Тунис поведе во 88. минута преку Фирас Шауат, кој со прецизен удар со глава искористи убав центаршут од Елиас Сад за 0-1. Но, Мали не се предаде. Во 96. минута, по играње со рака на дефанзивецот на Тунис, Мерија, беше досуден пенал. Ласина Синајоко го реализираше за 1-1 и го однесе мечот во продолженија.
Во дополнителните 30 минути немаше погодоци, па се пристапи кон пенал-серијата, каде Мали го обезбеди историското место во четвртфиналето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Един Џеко прави трансфер во Шалке
Евро-фудбал
Тер Штеген емотивно се збогува со Барселона
Евро-фудбал
Мбапе го израмни рекордот на Роналдо во ЛШ
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?













