Килијан Мбапе е неизвесен за утрешниот спектакл против Манчестер Сити, откако денес не тренираше со останатиот дел од екипата поради полесна повреда на мускулот. Информацијата околу неговиот настап ќе се знае буквално во последен момент.
Мадридските извори пренесуваат дека медицинскиот тим на Реал Мадрид вложува максимални напори да го оспособи, но засега никој не може да гарантира дека ќе биде во стартниот тим.
Дополнителна главоболка за Чаби Алонсо е фактот дека одбраната му е распадната – надвор од строј се Дани Карвахал, Трент Александер-Арнолд, Едер Милитао, Дин Хаусен, Ферлан Менди и Давид Алаба.
Мбапе е клучната фигура во офанзивниот систем на Алонсо, што го потврдуваат и бројките: фантастични 25 гола во сите натпреварувања досега.
Доколку Французинот не може да започне, се очекува во нападот со Винисиус Жуниор да стартува Родриго.
Дуелот Реал Мадрид – Манчестер Сити се игра утревечер, од 21 часот на „Бернабеу“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













