Connect with us

Маките на Серхио Рамос во ПСЖ немаат крај

Дефанзивецот на Пари Сен Жермен, Серхио Рамос, отпадна од тимот за денешниот натпревар од Лигата на шампионите против Клуб Бриж, соопшти францускиот клуб. Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид продолжува со работа за да се врати на тренинзите на тимот во следните три дена, се вели во соопштението на ПСЖ.


35-годишниот Шпанец го мачат постојани повреди во 2021 година. Тој играше против Сент Етјен на 28 ноември, тоа беше негов прв натпревар по шест месеци. Сепак, Рамос ги пропушти следните првенствени натпревари против Ница и Ленс поради замор на мускулите. Можно е Серхио Рамос да се врати во составот за дербито со Монако в недела.

Нејмар се опоравува од повреда на скочниот зглоб и ќе биде надвор од терените до средината на јануари, а се очекува и Џулијан Дракслер да се врати на терените на почетокот на 2022 година. Во понеделникот не тренираше и централниот дефанзивец Преснел Кимпембе, но е вклучен во составот за денешниот меч во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови