Шкупи го направи вистинскиот потег во формирањето на шампионски тим. За кормилар го избра Гоце Седлоски, кој знаеше како тоа се прави од периодот во Вардар. Авторитетен и посветен, со големо фудбалско искуство, кое полека добива и значителен тренерски опус, Гоце Седлоски ги нареди коцките во шампионскиот мозаик на Шкупи.
Имаше комплетна поддршка од раководството, а тој имаше комплетна доверба во своите избраници. За брзо време успеа да ги навикне сите, дека кога игра Шкупи, тогаш се очекува победа на тимот од Чаир.
Гоце Седлоски е избран за МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА СЕЗОНАТА. Тој го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА СЕЗОНАТА 2021/22.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski