Силекс го загуби баражот за опстанок и испадна во второлигашко друштво, а по мала клупска реорганизација довербата да го врати клубот експресно во елитата ја доби Горазд Михајлов. Амбиозниот стратег кој има и завидно прволигашко искуство, се нафати да се пресели во Кратово, ги засука ракавите, успеа да задржи дел од фудбалерите, но исто така и веднаш ангажираше неколку засилувања спојувајќи ги во одлична целина.
Ефектот е воочлив, Силекс како казнена експедиција мина низ есенскиот дел од Втората лига Запад, со 13 победи и две ремија, без пораз. Покрај тоа, Силекс е и во полуфиналето на Купот на Македонија.
За работата на секој тренер единствено мерило се резултатите, а Горазд Михајлов импресионираше и со играта што ја прикажа Силекс на речиси сите натпревари оваа есен.
Горазд Михајлов е избран за МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА ПОЛУСЕЗОНАТА ВО ВТОРИТЕ ЛИГИ. Тој го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА ПОЛУСЕЗОНАТА во второлигашката конкуренција.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski