Connect with us

МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Срѓан Захариевски (Струга Трим Лум)

Шкендија сериозно си се опушти, а Струга Трим Лум тоа го искористи. Тренерот Срѓан Захариевски добро ги мотивираше фудбалерите за дуелот против шампионот, па тие во првите десетина минути ја „изненадија“ Шкендија со агресивната поставеност. Можеби е и нормално, затоа што Струга ТЛ е во битка за излез на европска сцена, а Шкендија веќе ја заврши работата во овој шампионат со освојување на титулата.

Сепак, да се победи шампионот никогаш не е лесно. Тимот на Струга Трим Лум делуваше амбициозно и посветено, успеа да оствари важен триумф, а Срѓан Захариевски го заслужи епитетот за најдобар тренер во 31.коло од Првата фудбалска лига.

Во следното коло, Струга Трим Лум на домашен терен го пречекува Вардар.

Тимови

Advertisement

Facebook