Најтрофејниот македонски клуб Вардар успеа да го совлада актуелниот шампион Струга Трим Лум на гости со 1-2. Ова секако е изненадување со оглед на позициите на кои се наоѓаат двата клуба, но и јасен доказ дека „црвено-црните“ оваа пролет ќе имаат сосема поинаков тим, многу поквалитетен и помоќен од оној во есенската полусезона.
Гоце Седлоски знаеше што сака, успеа да го добие со големиот број засилувања и тоа почна да дава ефект. Вардар ја победи Струга ТЛ на гости, што не му успева секому во македонскиот шампионат, напротив, се случува навистина ретко.
МАКФУДБАЛ го избра Гоце Седлоски за најдобар тренер во 20.коло од Првата фудбалска лига. Тој го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА КОЛОТО.

-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал Мадрид повторно се заинтересира за Родри?
Евро-фудбал
Јувентус го доведе Зеки Челик од Рома













