Connect with us

МАКФУДБАЛ – ТИМ НА 9.КОЛО ВО ВТОРИТЕ ЛИГИ

Гостивар падна во Кадино, Скопје го искористи „киксот“ за да се доближи до врвот во Втората лига Запад, На Истокот речиси се е исто, Брегалница и Тиквеш газат ли газат…

МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 9.коло во Вторите лиги. 

1. ЃОРЃИ ЈОВАНОСКИ (СЛОГА ВИНИЦА)

Сигурен и маркантен на голот на Слога Виница. Не дозволи да се тресе неговата мрежа. 

2. ВАНЧЕ ШИКОВ (ТИКВЕШ)

Неговото искуство е толку големо што мечевите од Втората лига Исто може да ги игра со „една нога“. Сигурен во воздушните дуели, вистински ‘командант’ на одбраната на кавадаречкиот тим. 

3. РИНОР АЈДИНИ (КАДИНО)

Одличен во одбранбените задачи, стрелец на водечкиот погодок за својот тим. Кога ќе се победи лидерот со 3-0, тоа е и повеќе од доволно за да се добие место во најдобриот тим за 9.коло.

4. АЈРАДИН ЦУЦУЛИ (ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС)

Дефанзивецот го постигна победничкиот погодок за нови три бода во важната пресметка. 

5. ЉУПЧЕ КУДЕВ (БРЕГАЛНИЦА)

Тој е суперталент на Брегалница. Младото момче доби шанса да одигра првенствен натпревар и ја искористи на најдобар можен начин. Одличен во средниот ред, стрелец на два гола во триумфот од 6-1 против Росоман.

6. АНДРЕЈ ЛАЗАРОВ (ТИКВЕШ)

Вистински „мотор“ на тимот на Тиквеш, креатор на играта кој прави разлика на теренот. 

7. НИКИ ЗУМРОВСКИ (КОЖУФ) 

Творец на пресвртот на Кожуф на дуелот против Кит-Го. Секогаш ориентиран офанзивно кон противничкиот гол, стрелец на победничкиот погодок. 

8. МАРТИН СТОЈАНОВ (БРЕГАЛНИЦА)

Неговите пробиви секогаш носат опасност кон противничкиот гол. Стрелец и асистент во победата на Брегалница против Росоман.

9. АРИАН ЕЈУПИ (ВАРДАР ФОРИНО)

Стрелец на два гола во победата од 3-2 против Велешта. Одигра одличен натпревар. 

10. АНДРЕЈ КУДИЈАН (БРЕГАЛНИЦА)

Постигна хет – трик за 25 минути против Росоман. Робусен стрелец, покажа дека е во одлична форма. 

11. СИМЕОН ХРИСТОВ (ТИКВЕШ)

Тој е огромно засилување за Тиквеш во навалната линија, искусен, а се уште доволно млад и желен за голови. Постигна хет – трик во дресот на кавадаречкиот состав против Каменица Саса. 

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: МАРЈАНЧО АНДРЕСКИ (КАДИНО)

Ако го совладате лидерот на табелата со 3-0, нема дилеми дека сте завршиле одлична работа. Тренерот на Кадино го мотивираше својот тим, одлично ја постави играта и заслужи да биде изборот на МАКФУДБАЛ за најдобар стратег во Вторите лиги во деветтото коло. 

                 
 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови