Connect with us

МАКФУДБАЛ – ТИМ НА 5. КОЛО!

Академија Пандев и натаму продолжува со одличните изданија на стартот од новата сезона. Со триумф над Ренова и по пет одиграни рунди „пандевци“ ја задржаа предноста на врвот од табелата. Вардар се враќа активно во игра по триумфот над Струга ТЛ, а 5. коло конечно донесе победа и за Шкендија во шампионатот. Сега „романтичарите“ се последнопласирана екипа на табелата.

МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 5. коло од сезоната 2019/2020 во Првата македонска фудбалска лига:

1. ДУШАН ЧУБРАКОВИЌ (АК. ПАНДЕВ)

Ново квалитетно издание на чуварот на мрежата на „пандевци“ сезонава. Сигурен на голот на неколку наврати одлично интервенирајќи спречувајќи погодок на гостите.

2. ФИЛИП СТОЈАНОВСКИ (ШКУПИ)

Квалитетна партија на крилниот дефанзивец на Шкупи со активна улога и во средниот ред како начин за неутрализирање на играта на противникот.

3. ЕГЗОН БЕЈТУЛАИ (ШКЕНДИЈА)

Стандардно сигурен во одбраната на Шкендија, не дозволувајќи поголеми ‘размрдување’ пред голот на својот тим.

4. ЕСМИН ЛИЧИНА (МАКЕДОНИЈА ЃП)

Цврст, беспрекорен во секој дуел во одбраната, контролирајќи ја дефанзивната игра на „лавовите“.

5. РЕИС ЖУНИОР (ВАРДАР)

Најдобриот поединец во составот на Вардар, играчот кој ја „скрши“ одбраната на Струга ТЛ и со два гола го отвори патот кон убедливата победа од 3-0 на „црвено-црните“.

6. АРМЕНД АЛИМИ (ШКЕНДИЈА)

Одлична партија на креаторот на играта на тетовци. Постојано во срцето на играта на својот тим еден од клучните за победата над Работнички.

7. ДАНИЕЛ АВРАМОВСКИ (ВАРДАР)

Одлична игра во второто полувреме кога и Вардар ја заокружи победата против стружани. Креатор на сите акции на тимот, прекрасно асистирајќи за погодоците на Реис Жуниор.

8. БЕНЈАМИН ДЕМИР (МАКЕДОНИЈА ЃП)

Уште една квалитетна игра на крилниот офанзивец на „лавовите“ и повторно заокружена со прекрасен погодок во победата над Борец.

9. СЕРЖИЊО (ШКУПИ)

Творецот на победата на Шкупи против Силекс, стрелец на единствениот гол вреден три бода.

10. МАРКО РАЈКОВИЌ (АК. ПАНДЕВ)

Го постигна деби погодокот во дресот на Академија Пандев. Постигна убав гол кој значеше многу за конечната победа на струмичани.

11. ЖУНИОР (ШКЕНДИЈА)

Најдобриот на пресметката во Тетово. Го отвори резултатот а потоа и максимално активен во офанзивата на тимот, постојана закана по противничкиот гол.

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: ЈУГОСЛАВ ТРЕНЧОВСКИ (АК. ПАНДЕВ)

Академија Пандев во серија тактички повеќе од умешно стигнува до победите на стартот од сезоната. Така беше и против Ренова. Иако без нагласена доминација на теренот, повеќе од тактички мудро „пандевци“ стигнаа до трите бода низ игра со максимална контрола на средината од теренот и повеќе од задоволувачка реализација во нападот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови