Connect with us

МАКФУДБАЛ – Тим на 23. коло!

Шкендија и натаму ја одржува предноста на врвот од табелата во Првата македонска фудбалска лига благодарение на победата од 1-0 во дербито против Работнички во 23. коло. Жуниор донесе триумф за тетовци, за еднакво растојание со Академија Пандев која очекувано со 2-0 славеше против Силекс и Вардар кој со 1-0 ја доби големата скопска пресметка против Шкупи нанесувајќи им го првиот пролетен пораз на чаирчани.

МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим за 23.коло.

1. КОСТАДИН ЗАХОВ (ШКЕНДИЈА)

Квалитетен натпревар на првиот голман на Шкендија кој беше сигурен во текот на сите 90 минути од пресметката со Работнички. Во последните секунди одбрани и тежок шут на гостите на тој начин ‘спасувајќи’ ја победата на лидерот.

2. ХРИСТИЈАН ПЕЦОВ (МАКЕДОНИЈА ЃП)

Сигурен по десната дефанзивна линија, максимално активен и во офанзивата на својата екипа во голема мера значително допринесувајќи и за стабилност во средната линија на ѓорчепетровци.

3. ЕВГЕНИЈ НОВАК (ВАРДАР)

Столбот во одбраната на Вардар и на натпреварот со Шкупи контролирајќи ја цврсто дефанзивната линија. Во голема мера не дозволувајќи можност на противникот да го загрози голот на „црвено-црните“.

4. ВИСАР МУСЛИУ (ШКЕНДИЈА)

Уште еден одличен натпревар на репрезентативецот. Натпревар без примен погодок за Шкендија, за што во голема мера влијание има и одбранбената линија на тетовци предводена од Муслиу.

5. ГЛЕДИ МИЦИ (ШКЕНДИЈА)

Веќе и не може да се замисли погодок на Шкендија а во акцијата да не учествува левокрилниот дефанзивец Гледи Мици. И овој пат по неговиот центаршут од левата страна следеше голот на Шкендија за победа против Работнички.

6. БУРХАН МУСТАФОВ (РЕНОВА)

Одличен натпревар на Мустафов кој со два погодоци партиципираше во триумфот на Ренова на гостувањето против Победа од 2-3. Двигател на играта на својот тим, креатор на бројни акции и на крајот расположен реализатор.

7. ЉУПЧО ДОРИЕВ (АК. ПАНДЕВ)

Нова партија на „пандевци“ во која повторно некако се издвојува во преден план Љупчо Дориев. Со два гола од пенал учествуваше во триумфот од 2-0 против Силекс со кој продолжува одличната пролет на Академија Пандев.

8. ДАРКО МИЦЕВСКИ (ВАРДАР)

Беспрекорен во играта во средниот ред на својата екипа. Квалитетната партија ја заокружи и со погодокот од белата точка за победа на „вардарци“.

9. ВИЛИЈАН ЛИРА СОУСА (ВАРДАР)

Бразилецот Лира го изнуди ударот од белата точка за Вардар по кој „црвено-црните“ стигнаа до посакуваните три бода во пресметката со Шкупи.

10. СТЕНИО ЖУНИОР (ШКЕНДИЈА)

Ја донесе победата за Шкендија против Работнички. Повеќе од значаен гол за Жуниор со кој овозможи тетовци со нови три бода да ја задржат предноста во однос на конкурентите за шампионската титула.

11. ВЛАТКО СТОЈАНОВСКИ (РЕНОВА)

Константен во играта на Ренова на секој натпревар. Со нов гол партиципираше во новата победа на „гипсарите“ кои на тој начин ја продолжуваат битката за четвртата позиција на табелата која може да значи и европски излез.

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: АЛЕКСАНДАР ВАСОСКИ (ВАРДАР)

Вардар е тимот кој успеа да ја запре одличната пролетна серија на Шкупи. Црвено-црните влегуваат во посакуваниот ритам по игрите „топло-ладно“, а Васоски креираше победничка тактика во вистински момент за да го запре налетот на чаирчани. Триумф повеќе од добредојден за „вардарци“ како дополнителен мотив за консолидација за време на паузата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови