Connect with us

МАКФУДБАЛ – ТИМ НА 12.КОЛО ВО ВТОРИТЕ ЛИГИ !

Брегалница и Тиквеш успешни на Истокот, Охрид разигран на Западот. ФК Скопје освои важни бодови во Кадино, а Гостивар повторно заглави, овојпат во Дебар. 

МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим за 12.коло во вторите лиги. 

1. МЕТОДИЈА ВЕЛКОВСКИ (ОСОГОВО)
Прими три гола, но спаси најмалку уште толку. Одбрани и пенал против Тиквеш, беше еден од најзабележителните поединци на мечот и долго го мачеше кавадаречкиот тим кој има одличен напаѓачки арсенал. 

2. СЛАВЕ МАРКОСКИ (ОХРИД ЛИХНИДОС)
Прераснува во квалитетен дефабзивец, дојде и повик за настап во младата селекција до 21 година, а на секој нареден натпревар докажува за каков калибар се работи.

3. ДАРКО СТОЈАНОВ (БРЕГАЛНИЦА)
Стандардно квалитетен во одбраната на штипскиот прволигаш, не дозволи да биде загрозен голот заедно со соиграчите од одбраната. Кожуф немаше шанси за ништо повеќе од убедлив пораз.

4. ДИНО НАЈДОСКИ (ФК СКОПЈЕ) 
Неговото искуство и квалитет носат сигурност во одбраната на ФК Скопје која одолеа на гостувањето против Кадино (0-1). 

5. ЉУПЧЕ КУДЕВ (БРЕГАЛНИЦА)
Тој е новиот талент на штипскиот тим, младост, желба, агресивност. Постигна и гол против Кожув комплетирајќи го одличниот настап. 

6. ЈУСУФ МУСТАФА (ФК СКОПЈЕ)
Одигра одлично во дресот на лидерот и го постигна победничкиот гол во важниот триумф против Кадино. 

7. АЛЕКСАНДАР ЦЕЛЕСКИ (ОХРИД ЛИХНИДОС)
Двоен стрелец за охриѓани во убедливата победа над Дрита. 

8. АЛТИН ЛОГА (ВЕЛЕШТА) 
Творец на пресвртот и триумфот на Велешта на гостувањето кај Тетекс. Постигна два гола за составот на Велешта. 

9. БУРХАН АЛИЈИ (ОХРИД ЛИХНИДОС)
Тој е „моторот“ на Охрид Лихнидос, главен креатор на играта, а успеа да постигне гол за отворање на серијата против Дрита. 

10. АНДРЕЈ КУДИЈАН (БРЕГАЛНИЦА) 
Робусен и брз, незадржлив за противничките одбрани во второлигашката конкуренција. Со два гола учествуваше во триумфот на Брегалница во дербито против Кожуф.

11. БОШКО СТУПИЌ (КИТ ГО)
Ветеран е, но се уште игра како момче. Со него во нападот, тимот на Кит Го е сериозна закана за секој второлигаш. Постигна гол и одигра одличен меч. 

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: МАРИНО МАРКОСКИ (ОХРИД ЛИХНИДОС)
Се гледа неговата работа во составот на Охрид Лихнидос. Напаѓачка ориентација, желба за победа и на крајот убедлив триумф од 5-0. Успеа и со замените да го одржи квалитетот на тимот до самиот крај на мечот.           

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови