Струга ТЛ стигна до историската прва титула шампион на Македонија, а тој беше лидер на тимот. Неговите асистенции и голови ги кршеа противниците, иако имаше несебична помош од сите соиграчи, посебно од најдобриот стрелец во шампионатот, Бесарт Ибраими.
Сепак, ова беше сезона на Буњамин Шабани. Доби потполна слобода да креира, да го разигрува тимот, но исто така неретко беше и во улога на стрелец, реализатор, итоа на најважните натпревари.
МАКФУДБАЛ го избра БУЊАМИН ШАБАНИ за најдобар играч на сезоната 2022/23 во Првата фудбалска лига.
„Благодарност за големата чест. Ова признание многу ми значи, посебно што доаѓа од еден специјализиран портал кој го следи максимално македонскиот фудбал. Секако, фудбалот е тимска игра и моите соиграчи имаат голема улога во оваа моја награда. Би сакал да ја споделам со тимот и со стручниот штаб, сегашен и поранешен, затоа што сите кои беа дел од Струга ТЛ оваа сезона имаат голем удел во освојувањето на историската прва шампионска титула“, изјави за МАКФУДБАЛ, Буњамин Шабани.
Тој го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА СЕЗОНАТА 2022/23 ВО ПРВАТА ЛИГА.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski