Борец ита кон Првата лига, а Симеон Христов е една од главните алки во составот на Горазд Михајлов, кој победува речиси се по ред во источната конкуренција. Постигна три гола, двапати беше во тимот на колото во Втората фудбалска лига и го заслужи признанието за најдобар играч за месец март во изборот на МАКФУДБАЛ.
„Чест ми е што сум прв добитник на признанието, ќе ми биде само уште поголем мотив за добри настапи до крајот на сезоната. Ова е прекрасен потег за промоција и на подзаборавената второлигашка конкуренција, да го добие заслуженото внимание“, вели Симеон Христов.
Борец е пред промоција во прволигашкото друштво и Христов се надева дека целта ќе биде остварена.
„Имаме убава бодовна предност, но има и уште девет кола до крајот на првенството. Треба да продолжиме во победнички стил и да минеме први низ целта. Мислам дека голем дел од работата завршивме во есенскиот дел, кога создадовме разлика во однос на конкурентите. Борец е квалитетен тим, спој на младост и искуство, предводен од искусен тренер кој има прволигашко, но и интернационално искуство. Морам да напоменам дека функционираме како едно големо семејство и дека раководството ни нуди одлични услови за работа“, истакна најдобриот играч за месец март во Втората лига, во изборот на МАКФУДБАЛ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Левандовски од лето се сели во МЛС – лигата?
Евро-фудбал
Чави ќе го замени Мареска на клупата на Челси?
Млади репрезентации
Македонија У15 со минимален пораз од Турција на возвратниот натпревар













