Одбранбениот фудбалер на Брегалница, Јован Манев без сомнение е еден од клучните фудбалери на „сините“ на почетокот од новиот шампионат во Втората лига – Исток. Иако со само 18 години веќе е незаменлив дел од одбраната на Брегалница, добивајќи ја комплетната доверба на стручниот штаб.
Беспрекорната игра во одбраната Манев на стартот од првенството активно ја дополнува и со голгетерскиот сенс, па последните две кола во шампионатот, на натпреварите против Осогово и на гостувањето против Питу Гули во Прилеп запиша два прекрасни погодоци, и на тој начин потврдувајќи го нескриениот индивидуален квалитет. Сето тоа за издвојување како играч на 3. коло во Втората лига според изборот на МКФУДБАЛ.
„Овие игри и резултати воопшто не се случајни. Сето тоа е плод на работата на новото раководство кое ни овозможува одлични услови за работа, но и на макотрпната работа на тимот низ летните подготовки како и огромната поддршка која ја имаме од навивачите. Целата таа комбинација ги носи резултатите преку кои секако сакаме битка за влез во Првата лига“ – вели Јован Манев.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал Мадрид повторно се заинтересира за Родри?
Евро-фудбал
Јувентус го доведе Зеки Челик од Рома













