Connect with us

МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Кристијан Стојкоски (Работнички)

Работнички продолжи во победнички ритам и го освои жешкиот терен во Ѓорче Петров. Со 14 освоени бода, „романтичарите“ се на делба од првото до четвртото место на табелата во Првата лига и во моментот играат одличен фудбал.

Брзите продори на капитенот Кристијан Стојкоски кон противничкиот шеснаесетник беа можеби и клучниот елемент за вчерашната победа (0-2) против Македонија ЃП. Тој беше стрелец на првиот гол и асистент на вториот погодок што го постигна Лука Станковски. Со неговата одлична игра го заслужи епитетот МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на 7.коло во Првата лига.

Кристијан Стојкоски го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА КОЛОТО.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови