Брегалница на стартот од сезоната се издвои како еден од водечките тимови во второлигашката конкуренција, без сомнение еден од првите фаворити на Истокот за прволигашка промоција. Убедливата победа против Осогово од 5-0, пак, го издвои крилниот офанзивец Пепи Ѓоргиев, според изборот на МАКФУДБАЛ, за играч на колото во 2. коло во второлигашката конкуренција. Со два гола и одлична партија Ѓоргиев беше најзаслужниот за триумфот на штипските „сини“.
„Одличната атмосфера и другарството кое владее во екипата дефинитивно се одразуваат и на резултатите во првите две кола од шампионатот и во првиот меч од Купот на кои запишавме три убедливи победи. Факт е дека сега секој наш противник е максимално мотивиран кога игра против Брегалница што јасно кажува за реномето на клубот. Така беше и против Осогово, екипа која навистина ја респектираме. Но, добро беше што рано го отворивме резултатот и потоа низ навистина добра игра успеавме да стигнеме до убедлив триумф. Среќни сме што приредивме убава претстава за нашите навивачи кои ни дадоа поддршка во голем број“ – истакнува Ѓоргиев.
Брегалница сега гостува на Питу Гули во Крушево…
„Ние максимално го почитуваме секој противник во првенството. Но, нашата цел секако е победа на секој натпревар, па така ќе биде и во Крушево каде ќе атакуваме на трите бода“ – вели крилниот офанзивец на „сините“.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski