Connect with us

МАКФУДБАЛ – ИГРАЧ на 16.коло во вторите лиги: Анес Османоски (Брегалница)

Брегалница е неприкосновена на Истокот, обезбеди завидна бодовна предност пред Тиквеш, а Анес Османоски напорно работеше на секој натпревар во средниот ред. На крајот дојде и наградата во вид на два постигнати гола на дуелот против Слога Виница во триумфот од 1-3. 

Османоски беше маркантна фигура во средниот ред на штипскиот тим, а воедно и двоен стрелец. Со тоа го заслужи епитетот најдобар играч на 16.коло во вторите лиги во изборот на МАКФУДБАЛ. 

Целта на Брегалница е јасна, влез во елитното друштво, а по есенскиот дел е и седум чекори напред во однос на конкурентите. 

     

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови