Connect with us

МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на 12. коло во вторите лиги: Изаир Емини (Воска)

Воска го доби дербито на колото против Вардар во големата пресметка на Западот и успеа да обезбеди пет бода предност пред најтрофејниот клуб. Ова само дополнително ги потврдува амбициите на новиот второлигаш дека намерата е да се обезбеди пласман во елитата.

Беше јасно дека клубот ќе има големи амбиции на второлигашката сцена уште за време на летото кога го објави трансферот на искусниот напаѓач Изаир Емини.

Тој е врвна класа за второлигашката конкуренција, а постигна прекрасен гол од слободен удар на дербито со Вардар и го трасираше патот кон големата победа за Воска.

Изаир Емини е избран за МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на 12.коло во вторите лиги. Тој го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА КОЛОТО во второлигашката конкуренција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови