Connect with us

МАКФУДБАЛ-ИГРАЧ НА 12.КОЛО ВО ВТОРИТЕ ЛИГИ: Андреј Кудијан (Брегалница)

Брегалница е моќна офанзивно, а главна алка во нападот е Андреј Кудијан. Тој беше двоен стрелец и на дербито против Кожуф, стрелајќи во првото полувреме. Со одличната игра заслужи да биде избран за МАКФУДБАЛ-ИГРАЧ на 12.коло во вторите фудбалски лиги.    

„Брегалница има амбиции да победува на секој нареден натпревар, во секое наредно коло, затоа ние мораме го даваме максимумот во текот на целата сезона. Успаевме да постигнеме голови во првиот дел и потоа се беше полесно. Знаевме дека Кожуф е повеќе од цврста екипа, незгодна за секој противник, па затоа максимално сериозно влеговме во натпреварот и на крајот успеавме да дојдеме до посакуваните три бода“ – изјави Кудијан.

Брегалница утре ја очекува нов натпревар во првенството, гостување против Осогово во Кочани.

„Како и на секој друг натпревар, со ладни глави одиме и на гостувањето во Кочани кое е сигурно едно од најтешките во оваа лига. Екипата е секогаш мотивирана, но и посветена на крајната цел сезонава. На секој натпревар одиме на победа за нас и клубот, но секако и за навивачите кои се постојано со нас, бодрејќи не и надвор од стадионот во овие специфични времиња“ – истакнува Кудијан.

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови