Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните стручни фудбалски настани во Југоисточна Европа. По успешната премиера во Загреб, форумот оваа година пристигнува во Белград, каде што на 21 и 22 септември 2026 година во хотелот „Hyatt Regency“ во Белград ќе собере фудбалски експерти, клубови, федерации, аналитичари, тренери, претставници на академии и други учесници од фудбалската индустрија.
„Адриa Фудбал Форум 2026“ носи проширена програма, повеќе говорници и побогата содржина. Учесниците ги очекуваат два дена предавања, панел-дискусии, практични увиди и вмрежување со истакнати стручњаци од регионот и странство. Форумот претставува единствена можност за стручен развој, размена на знаење и создавање нови деловни и професионални врски.

Меѓу централните теми ќе бидат методологијата на врвни тренери, примена на вештачка интелигенција во фудбалот, скаутинг и развој на регионални таленти, работа на младински академии, женски фудбал, алтернативни модели на финансирање клубови и значењето на образованието во професионалниот фудбал.

Билетите се веќе во продажба, а организаторите нудат и „Early Bird“ цена за ограничен период. Дополнително, во наредните недели ќе бидат објавени говорниците и програмските содржини.

„Адриa Фудбал Форум“ 2026 не е само конференција — туку простор каде се создаваат идеи, партнерства и решенија за иднината на фудбалот во регионот.
Белград, 21–22 септември 2026 – „Hyatt Regency“
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













