Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години доживеа пораз и вториот контролен натпревар со селекцијата на Луксембург.
Синоќа избраниците на селекторот Димитар Капинковски се совладани со 4-1. Единствениот гол за Македонија го постигна Јордан Дамевски додека погодоците за домаќинот беа дело на Аман Чочоуи, Роло Де Кастро, Велтер и Полфер.
Во првиот дуел што се одигра во средата Луксембург славеше со 1-0
Контролните дуели со Луксембург се дел од подготовките на националниот тим за настап во Б лигата од квалификациите за пласман на Европското првенство.
Македонија е дел од групата Б5 во која настапуваат уште селекциите на Швајцарија, Северна Ирска и Малта, а турнирот ќе се одигра во период од 11 до 17 ноември во Струмица.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













