Connect with us

Македонија У19 подобра од Црногорците (2-0)

Репрезентацијата на Македонија до 19 години славеше победа против Црна Гора во рамките на првата контролна средба одиграна меѓу овие две селекции.


На тренинг центарот „ Петар Милошевски “, нашите фудбалери одиграа добар натпревар и сосема заслужено славеа победа со 200. Во првите 45 минути младите македонски фудбалери пропуштија неколку добри прилики за постигнување гол. Отпорот на противникот го скршивме во второто полувреме.

Во 54.минута пенал за избраниците на селекторот Влатко Гроздановски, сигурен од белата точка беше Грегори Давков. Конечните 2-0 беа дело на Фета Бехар во 69.минута. Нашата селекција за овој натпревар беше ослабена со неиграњето на неколкумина стандардни репрезентативци.

Вториот контролен натпревар на истите селекции е закажан на 15 април со почеток од 11 часот.

МАКЕДОНИЈА: 1. Стефан Тасев, 2. Дарио Јовановски, 3. Грегори Давков, 4. Самет Реџепи, 5. Андреј Стојчевски, 6. Ване Крстевски, 7. Бехар Фета, 8. Христијан Јосифовски, 9. Михаил Талевски, 10. Октај Ракипи, 11. Љупче Кудев;

ЦРНА ГОРА:1. Иван Радовиќ, 2. Милан Радовиќ, 5. Никола Вукотиќ, 6. Неманја Бозовиќ, 8. Јован Дашиќ, 9. Виктор Џукановиќ, 10. Алекса Цетковиќ, 11. Дамјан Мугоша, 13. Кристијан Ернек, 14. Милун Јоковиќ, 20. Василије Делибашиќ;

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови