Connect with us

Македонија У18 убедливо поразена од Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 18 години забележа пораз од Словачка на првиот контролен дуел одигран помеѓу овие две селекции на градскиот стадион во Штип.

Избраниците на селекторот Тони Јакимовски беа убедливо поразени со 5-1. Селекцијата на Словачка одигра извонреден натпревар, во текот на сите 90 минути беше подобар противник и сосема заслужено се радуваше на убедлива победа.

Единствениот погодок за нашата репрезентација беше дело на Дино Михолов во 77. минута од средбата.

Втората контролна пресметка овие две репрезентации ќе ја одиграат на 19. ноември.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови