Фудбалската репрезентација на Македонија до 18 години беше поразена со 3-1 од соодветната селекција на Словачка на вториот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје.
Јан Брнула го отвори резултатот на средбата со погодок во 18. минута. На 2-0 зголеми Кристијан Стручка во 28. минута. Филип Трело го постигна третиот погодок за Словачка во 45. минута.
Во продолжението од средбата избраниците на селекторот Ерхан Селими успеаја само да го намалат резултатот. Давид Стојановски беше стрелец на погодокот во 60. минута.
Првиот контролен натпревар помеѓу овие две репрезентации заврши нерешено 1-1.
Македонија: Павел Трајковски, Златко Радески, Абдулах Аслани, Лука Атанасовски, Давид Стојаноски, Адмир Љатифи, Каменчо Андоновски, Али Хисар, Андреј Мурџески, Бојан Затуроски, Стефан Марковски;
Резерви: Давид Илоски, Онур Бешир, Горазд Ристовски, Марко Киш, Димитар Шаркоски, Назиф Цека, Емир Шаботиќ, Кренар Хоти, Албион Мусли, Џек Едвард Митревски, Игли Хасани, Аритон Мехмед;
Селектор: Ерхан Селими;
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Един Џеко прави трансфер во Шалке
Евро-фудбал
Тер Штеген емотивно се збогува со Барселона
Евро-фудбал
Мбапе го израмни рекордот на Роналдо во ЛШ
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?













